Гроси: Иран има доволно материјал за неколку нуклеарни бомби, но сè уште не поседува оружје
Директорот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, изјави дека Иран во моментов располага со доволно нуклеарен материјал за изработка на неколку атомски бомби – но нагласи дека официјален Техеран сè уште не поседува нуклеарно оружје, пишува Euronews.
„Тие не се многу далеку од таа точка“, предупреди Гроси во интервју за францускиот весник Le Monde, неколку часа пред неговата посета на Техеран.
Иако Иран е далеку од комплетирање на атомска бомба, Гроси истакна дека не е доволно една земја да тврди оти нема нуклеарно оружје – меѓународната заедница мора да има капацитет тоа и да го верификува.
Во рамки на посетата, Гроси ќе одржи серија средби со иранското раководство за да разговара за иднината на нуклеарната програма на Иран. Според иранската државна новинска агенција ISNA, тој денес ќе се сретне со министерот за надворешни работи Абас Арагчи, а утре со директорот на Иранската организација за атомска енергија, Мохамед Еслами.






