Израелски удари на Кан Јунис: 54 загинати, меѓу нив и новинар
Во израелските воздушни напади на градот Кан Јунис, на југот на Појасот Газа, кои се случиле изминатата ноќ, загинале најмалку 54 лица, соопштија локалните здравствени власти.
Снимател од новинската агенција „Асоцииејтед прес“ во Кан Јунис забележал 10 воздушни напади врз градот, како и бројни тела кои биле транспортирани до градската болница „Насер“ за идентификација.
Меѓу загинатите е и новинарот Хасан Самур, кој работел за катарската телевизија Ал Арабија. Според соопштението на телевизијата, Самур бил убиен заедно со уште 11 членови на неговото семејство во еден од нападите на Кан Јунис.
Израелската армија засега не го коментираше овој напад, ниту ги потврди деталите за нападите на тој регион.







