Поради планирани технички зафати во електродистрибутивната мрежа, утре (17 април) делови од Тетово ќе останат без електрична енергија во различни периоди од денот.
Од 06:00 до 06:30 часот струја ќе нема во дел од централното градско подрачје, во објектите во близина на градскиот пазар.
Во периодот од 09:00 до 11:00 часот без струја ќе бидат објектите на улицата Браќа Миладинови, во близина на маркетот „Кипер“.
Од 09:00 до 14:00 часот ќе има прекин на електрична енергија и во селото Палчиште.
Во периодот од 11:30 до 14:30 часот без струја ќе бидат објектите во дел од градот, во Т.Н. населба Пржова Бабча, кај кружниот тек за Попова Шапка.
Од ЕВН апелираат граѓаните навремено да се прилагодат на прекините и да преземат мерки за заштита на електричните уреди.






