Австралискиот УФЦ борец со македонско потекло, Александар Волкановски, извојува голема победа во перолесната категорија, совладувајќи го Диего Лопез во спектакуларна борба што се одржа синоќа.

Волкановски не само што ја покажа својата физичка подготвеност и борбена доминација, туку и настапи со посебно дизајнирани шорцеви со кои симболично им оддаде почит на трите земји кои го формирале – Австралија, Македонија и Грција. На неговите шорцеви се истакнуваа ѕвездите од австралиското знаме, македонското знаме, како и детали со грчки фонт.

Роден во Австралија, со татко од Македонија и мајка од Грција, Волкановски на овој начин покажа дека не ги заборава корените и гордо ги носи со себе, дури и во најголемите борби.

Со оваа победа, тој уште еднаш го потврди својот статус како еден од најдобрите УФЦ борци во светот – шампион не само по титула, туку и по дух.

![[ФОТО] Волкановски доминираше врз Лопез со посебни шорцеви – погледнете што имаше на нив](https://bulevar.com.mk/wp-content/uploads/2025/04/screenshot-2025-04-13-114547.png)






