Министерката за образование и наука Мила Царовска го истиот став од вчера дека просветниот Инспекторат спроведува редовни инспекции во училиштата, но, досега не наишле на фотокопирани или оригинални дигитални книги што ги купиле учениците за четврто одделение.
-Сите детектирани случаи на комерцијализирано пуштање во употреба на бесплатни учебници ќе биде спроведено до надлежните институции, изјави кратко Царовска.
Министерката вчера потврди дека учебниците се бесплатни и тие имаат испечатено 20 отсто од вкупниот потребен тираж за оние ученици кои немаат услови да следат дигитална настава. Задоволна е како се одвива реформата и потенцира дека сите училишта ги прифатиле промените и ги користат новите алатки за работа.
-Ако ми посочите каде се наоѓаат, тогаш јас тоа лично би го пријавила во Министерството за внатрешни работи како што направив и во претходни случаи кога имав сознанија дека такво нешто се случило и каде што имаше постапување, изјави Царовска.
Само по еден случај постапиле МВР за незаконско печатење учебници за 4 одделение. На почетокот од учебната година добиле пријава за лице од Штип кој продавал учебници преку интернет. Полицијата во фотокопирниците пронашла 20 комплети од по 6 книги. За други немаат добиено пријава.
„Од страна на полициски службеници од СВР Штип по наредна на Јавен обвинител од фотокопирници во Штип биле пронајдени и одземени неовластено испечатени 20 комплети од по 6 книги наменети за учениците од четврто одделение од основно образование, кои С.Р ги нудел на продажба преку социјалните мрежи. СВР Штип до ОЈО поднесе известување за понатамошхна надлежност за постапување.“ – велат од МВР







