Со одлука на Владата именуван е нов директор на Државниот пазарен инспекторат. На директорската позиција сега седнува Влатко Стојкоски.
Досегашниот директор, Горан Трајковски, не бил официјално известен за неговото разрешување и изразил сомневање. Замениот министер за економија, Марјан Ристески, потврди дека именувањето на Стојкоски е дел од новата кадровска политика и ја нагласи важноста на контролите од страна на Пазарниот инспекторат за регулирање на цените на прехранбените производи.
Според него, инспекцијата во претходниот период успешно се справила со манипулациите од страна на трговците. Трајковски, кој на позицијата беше од декември 2022 година, сега чека официјално решение за неговото разрешување, согласно законските прописи.






