Познатата руска новинарка Ана Прокофјева (35) загинала на фронтот со Украина, само неколку часа откако на социјалните мрежи ја исмејувала таа земја.
Таа починала во Белгородската област, каде што украинските сили во моментов извршуваат продор.
Нејзината смрт ја потврдија и други воени новинари кои го поддржуваат Кремљ, а подоцна и нејзината телевизиска куќа.
Денот пред тоа, таа објавила дека се наоѓа “некаде на границата со земјата 404”, што асоцира на грешка која се појавува кога не може да се вчита страница на веб-страна. Веројатно со тоа сакала да укаже дека Украина повеќе не постои.

Медиумите пренесоа дека камерманот кој работел со неа е ранет и се наоѓа во болница.
„Ана Прокофјева, воен дописник на Канал 1, загина додека ја извршуваше својата професионална должност. Тоа се случи во Белгородската област на границата со Украина, каде што екипата на Канал 1 беше разнесена од непријателска мина. Камерманот Дмитриј Волков, кој беше со Ана, е повреден“, соопшти портпаролот на медиумот за кој работела.
Ана работела како воен новинар долг период, пишува Mirror.

Денот пред тоа, во Украина беа убиени уште двајца руски новинари кои работеле за медиуми блиски до претседателот Путин.







