Ерменскиот парламент денеска го усвои нацрт-законот кој го започнува процесот за пристапување на Ерменија во Европската унија. Законот беше усвоен во последното читање со 64 гласа за и седум против, а текстот ја повикува владата да го започне тој процес.
Во поранешната советска република расте сѐ поголемата недоверба кон Русија, историскиот сојузник на земјата кој се уште има своја воена база во Ерменија.
Ерменија ја критикува Москва за недоволна поддршка во конфликтот со Азербејџан, кој во есента на 2023 година повторно го освоил Нагорно Карабах, регион со претежно ерменско население што сепаратистите го контролирале повеќе од три децении.
Многумина сметаат дека тоа беше клучен момент по кој Ерменија се сврте кон Западот.
Ерменија, меѓу другото, стана земја која официјално ја призна јурисдикцијата на Меѓународниот кривичен суд во Хаг, кој распиша потерница за Путин. Оваа одлука предизвика голем гнев во Русија.







