Сигурно сте забележале дека секогаш кога купувате нови обувки, чанта или облека, во пакувањето се наоѓа и кесичка со силика гел. Веројатно сте ги отворале овие кесички од љубопитност и сте наишле на мали проѕирни топчиња.
Но, што всушност е тоа и зошто служат, многу често не се објаснува. Поради тоа, најчесто ги фрлате, што не е најпаметно, бидејќи тие всушност имаат многу практични употреби.
Силика гелот е повеќенаменски и може да ви помогне во многу ситуации. На пример, ако ги ставите во кутијата со алат, ќе спречите оксидација. Исто така, тие се одлични за апсорбирање на влага, па можат да се користат за да го спречат замаглувањето на шофершајбната на автомобилот.
Можете да ги ставите и во вашата козметичка торбичка, каде што ќе помогнат во зачувување на шминката, а исто така ќе го спречат и старењето на фотографиите. Ако ги поставите во старите книги, тие ќе го неутрализираат непријатниот мирис.
Доколку сте љубител на градинарството, можете да ги ставите во близина на семињата за да ги задржат свежи додека не ги посадите. Кога ќе забележите дека вашите силика гел кесички станале розеви, тоа значи дека апсорбирале премногу влага и треба да ги регенерирате со загревање.
Како што можете да видите, овие мали кесички со силика гел имаат многу корисни функции, па следниот пат не ги фрлајте!






