Дебарци со тага и почит се простуваат од Андреј, херојот кој го загуби животот спасувајќи други во трагичната несреќа во Кочани. Со потекло од Дебар, Андреј беше препознатлив глас на „ДНК“ и идол на многу генерации. Неговата храброст и несебичност засекогаш ќе останат во сеќавањата на оние што го познаваа.











