Стапката на невработеност во Македонија на крајот од 2024 година изнесува 11,9%, што е пад од нешто над 1% за една година. Според Државната статистика, има над 700.000 вработени и околу 95.000 невработени. Министерката за финансии Гордана Димитриевска Кочоска вели дека ова е историски најниско ниво, со раст на вработеноста од 46,2%.
Сепак, експертите укажуваат дека намалената невработеност е резултат на иселувањето, особено во градежништвото, угостителството и текстилната индустрија. Компаниите сè потешко наоѓаат квалификувани кадри, а работниците се жалат на лоши услови и ниски плати. Податоците од последниот попис покажуваат дека земјата губи млада работна сила, додека старото население значително се зголемува.







