Прекршен е членот 2 од договорот за добрососедство меѓу Македонија и Бугарија, но сепак премиерот Заев вели дека нашиот сосед останува пријател, а непријателски е само нивниот чин.
„Чинот е непријателни, но јас верувам и во мојот пријател, јас го нарекувам и мој брат Бојко Борисов“, рече премиерот Зоран Заев во гостувањето на Телма телевизија.
Во однос на вчерашното обраќање, Заев рече деа имало доста емоции во истото.
„Пече, корни, кине ова весто на Бугарија, а и во моето обраќање вчера тоа се чувствуваше. Имаше тага и јас сум човек претпоставувам тоа се познаваше“, рече Заев.






