Унгарскиот премиер изјави дека Европската унија не може да си дозволи да ги финансира воените напори на Украина, особено затоа што американската финансиска помош повеќе не е загарантирана.
Изјавата доaѓa откако лидерите на 26 земји од ЕУ потпишаа заедничка декларација за поддршка на Киев – без учество на Унгарија, пренесува „Ројтерс“.
Орбан, кој се смета за сојузник на претседателот Доналд Трамп и има блиски врски со Москва, најави дека унгарската влада ќе започне „јавна консултација“ за евентуалниот пристап на Украина во ЕУ во следните недели.
Од почетокот на војната, Виктор Орбан одбива да обезбеди воена помош за Украина и редовно ги блокира или одложува европските иницијативи поврзани со поддршката за Киев.
Тој повика на „итен прекин на огнот и мировни разговори“, критикувајќи го пристапот на ЕУ за зголемување на воената поддршка.
Тој исто така истакна дека безбедноста на Европа не треба да зависи од конфликтот во Украина, а приоритет треба да бидат економските и енергетските интереси на земјите-членки.







