Веројатно ви се случило да патувате со авион и по слетувањето да бидете сведоци на аплаузот од другите патници, кои му аплаудираат на пилотот.
Дали сте се запрашале зошто луѓето го прават тоа – веднаш штом тркалата допрат на пистата, понесени од атмосферата почнувате и вие да тапкате?
Глобален феномен
Се верува дека некои луѓе аплаудираат како знак на благодарност кон пилотот за безбедното слетување, други затоа што се возбудени поради пристигнувањето на саканата дестинација, а трети од чиста забава. Не можеме да ги заборавиме ниту оние што аплаудираат само затоа што не сакаат да се разликуваат од другите.
Аплаузот по слетувањето стана глобален феномен, но што мисли за тоа кабинскиот персонал? Стјуардесата Барбара Бачилиери има одговор.
„Повеќето патници аплаудираат по слетувањето, но лично не го препорачувам тоа“, објаснила таа во видео на TikTok кое стана вирално во многу краток период.
„Тоа е личен избор“
Барбара додава дека пилотите веројатно и не го слушаат аплаузот, благодарение на звучната изолација која ја има вратата на кокпитот, пренесува Mirror.
„Проблем може да настане и во моментот кога тркалата ја допираат пистата, па одложете го славјето додека авионoт целосно не запре“, додала таа.
„На крајот, аплауз или не… тоа е личен избор“, заклучила Барбара.
„Може да изгледа непристојно“
Нејзиното видео го коментирале и луѓе кои често летаат, а кои исто така советуваат да се избегнува аплаузот.
„Може да изгледа непристојно, како да ја поткопувате вештината на пилотот. Ако сакате да покажете љубов или почит, насмејте му се при излегувањето од авионoт. Обично чека на излезот и ги поздравува патниците“, велат тие.
Погледнете го видеото
@barbiebac.okaplausos si o no?






