Црквите ќе останат затворени со исклучок на Божик (25 декември) и Водици (6 јануари) кога ќе биде дозволено присуство на верници, односно до девет лица во црквите и најмногу 25 лица во поголемите храмови
Фризерските салони и книжарниците се единствените бизниси во Грција што ќе почнат со работа, додека продавниците ќе работат само со подигање на нарачка, а полицискиот час, СМС-пораките за движење и постоечките рестрикции во земјата се продолжени до 7 јануари, јави МИА од Атина.
За подигање на нарачката ќе биде потребно и испраќање СМС-порака, истото што важи и за посета на супермаркет или аптека, а ќе важи и за фризерските салони.
Ако не се почитуваат правилата и мерките, ќе се укине и ќе се повлече конкретната услуга.
До 7 јануари 2021 година во Грција остануваат затворени училиштата, трговските центри, рестораните, таверните, кафулињата и баровите, спортските и фитнес-центрите, а движењето на граѓаните и понатаму ќе биде само по претходно испратена СМС-порака со избрана една од шесте опции.
Грчката влада на 7 ноември воведе карантин во целата земја, кој првично требаше да трае само 23 односно до 30 ноември, а дополнително беше продолжуван.
Од почетокот на епидемијата во Грција се регистрирани 3 370 смртни случаи од ковид-19 и 121 253 заразени лица.
Повеќе 360






