Инфектологот Жаклина Шопова која работи на Инфективната клиника во Скопје со јавноста сподели скандалозни информации за односот на државата кон здравствените власти.
Имено таа вели дека наместо ветената плата од 100 илјади денари за докторите, платата на лекарите кои земале боледување бидејќи на работно место се заразиле со корона дополнително им е намалена.
-На 10 секој месец, здравството ја зема платата за минатиот месец…и не се тоа 100 000 денари кои ги вети г-динот Зоран Заев , не се ни дополнителните плати кои исто ги вети г- динот Зоран Заев , напротив тоа се намалени плати на вработените во здравство кои биле професионално заболени од КОВИД …
Ова ли е тоа што ни го ветивте г- дин премиер, г- дин министер за здравство!? А синдикатот мудро молчи, најверојатно нема маски за да излезе на штрајк, пишува доктор Шопова.






