Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, денеска изјави дека Русија ја смета нуклеарната реторика на францускиот претседател Емануел Макрон за „закана“.
„Очигледно, ова претставува закана за Русија. Тој свикува состанок на началниците на генералштабовите на европските земји и Велика Британија, тврдејќи дека е неопходно да се користи нуклеарно оружје, подготвувајќи се да го употреби против Русија. Ова е, се разбира, закана“, изјави Лавров на прес-конференција, пренесува РИА Новости.
Тој, исто така, ја нарече „нејасна“ изјавата на Макрон за неприфатливоста на капитулацијата на Украина.
Лавров додаде дека испраќањето европски мировни сили во Украина би било продолжување на заканата од режимот во Киев за војна против Русија.
„Овој план за испраќање ‘мировници’ во Украина е продолжение на заканата од режимот во Киев за војна против нас“, истакна Лавров во интервју за весникот на руското Министерство за одбрана „Краснаја звезда“.






