На 4 март 2025 година, околу 21:00 часот, на регионалниот пат Скопје-Тетово, во близина на селото Арнакија, општина Сарај, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале товарно возило ивеко со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.И. (30) од Скопје, и патничко возило ауди со скопски регистарски ознаки, управувано од А.А. (39) од селото Буковиќ, Скопско.
Во несреќата тешки телесни повреди задобил возачот Р.И., кој бил пренесен во Градската општа болница „8 Септември“, каде што му била укажана лекарска помош.
На местото на настанот бил извршен увид од страна на увидна екипа на СВР Скопје, а се утврдуваат причините за несреќата.






