Синоќа, непосредно по полноќ, охридскиот регион беше погоден од земјотрес со јачина од 2,5 степени според Рихтеровата скала.
Потресот е регистриран во 00:48 часот, а епицентарот се наоѓа во подрачјето помеѓу Пештани, Охрид и Струга.
Според првичните податоци од Сеизмолошката опсерваторија, земјотресот бил почувствуван во Охрид, Струга и околните места со интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала.







