Министерот за транспорт и врски, Александар Николоски, објави дека по 12 години повторно е воведена директна авиолинија помеѓу Скопје и Амстердам. Летовите ќе бидат оперирани од авиокомпанијата „Трансавиа“ двапати неделно, секој четврток и недела.
„Политиките што ги спроведуваме во авиосообраќајот даваат конкретни резултати. Ова е нова можност за граѓаните да ги искористат бенефитите од новите дестинации низ Европа и светот,“ истакна Николоски.
Тој додаде дека во краток период се воведени десетина нови линии од двата домашни аеродроми, што значително придонесува за развојот на воздушниот сообраќај, поголема конкуренција и подобри услови за патниците.







