Доналд Трамп даде кратка изјава на својата платформа Truth Social по завршувањето на самитот во Лондон.
„Треба помалку да се фокусираме на Путин, а повеќе на проблемите со бандите, силувачите меѓу мигрантите, наркобосовите, убијците и луѓето од психијатриските установи кои влегуваат во нашата земја – за да не завршиме како Европа!“
Оваа изјава дојде по самитот во Лондон, каде се состанаа европските лидери, а исто така беше по расправијата што се одржа во петокот во Белата куќа помеѓу американскиот претседател Доналд Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски.






