Шефот на украинската воена разузнавачка служба, Кирило Буданов, изјави дека Третата светска војна веќе е започната, бидејќи конфликтот помеѓу Русија и Украина ги вклучи мнозинството од најразвиените земји во светот.
Според него, ова прашање е филозофско и зависи од тоа како се гледа на ситуацијата, но од негова перспектива, ова е трета светска војна, бидејќи во неа учествуваат многу моќни и развиени нации.
На новинарско прашање за тоа што би можело да го подигне моралот во Украина, Буданов одговори дека тоа се победи. Според него, умореното општество се разбудува и се враќа во живот само кога има победи – било во воени, дипломатски, социјални или политички аспекти.
Претходно, поранешниот врховен командант на украинската војска, Валериј Залужни, исто така изјави дека војната може да се смета за трета светска војна, особено откако Северна Кореја директно влегле во конфликтот како сојузници на Русија.







