Од 1961 година, пејачите од поранешна Југославија добија можност да учествуваат на Евровизија, благодарение на регионалниот натпревар Југовизија, на кој учествуваа изведувачи од целата СФРЈ. Последната претставничка на Југославија на Евровизија беше Снежана Бериќ, позната како Екстра Нена.
Таа ја претставуваше Југославија на Евровизијата во 1992 година, кога ја изведе песната „Љубим те песмама“ на големата сцена во Шведска. Со својот настап, Екстра Нена го освои вниманието на публиката, блескајќи во елегантен долг фустан, покажувајќи ја својата женственост.
Екстра Нена настапи под редниот број 20, а на крајот од гласањето освои 44 поени, завршувајќи на 13-то место од вкупно 23 земји учеснички.








