Почина глумицата Мишел Трахтенберг.
Мишел била пронајдена во нејзиниот стан во Њујорк од нејзината мајка Лана Трахтенберг во средата наутро, околу 8 часот. Полициски извори потврдија за „Њујорк пост“ (New York Post), дека нејзината смрт не се смета за сомнителна.
Глумицата починала од природна смрт. Можни компликации по трансплантација на црн дроб можеби придонеле за нејзината смрт. Според „6 еј-би-си Филаделдија“ (6 ABC Philadelphia), се очекува обдукција за да се утврдат точните причини за смртта.
Освен светски познатите тинејџерски ТВ-серии, Трахтенберг зад себе има уште околу 60 други улоги, пет награди за глума и 10 други номинации.







