Струшкиот градоначалник Рамиз Мерко ги губи ингеренциите врз воспитно-образовните институции.Откако пред 4 месеци за незаконско поставување на директори, министерството за образование му ги одзеде ингеренциите над две основни училишта во Дрслајца и Подгорци,Мерко ги изгуби и градинките.Поради незаконско поставување на директори,министерството за социјална политика му ја одзеде надлежноста врз градинките во градот.
“Се работи за непочитување на одредбите од Законот за заштита на децата од страна на органите на Општина Струга. Министерството ги одзеде ингеренциите во делот на именување на директор на градоначалникот на Општина Струга. И покрај претходно дадено укажување за почитување на законот, градоначалникот не го испочитува и заради тоа одземени му се ингеренциите во времетраење од најмногу една година, сметано од 19.02.2025 година” велат од Министерството за социјална политика
Згора на тоа,сеуште не е решен статусот на 18 негувателки,воспитувачки,хигиеничарки кои се ангажирани со договор на дело.Некои од нив скоро 2 децении до неодамна работеа за мизерна плата од 10.000 денари.Новоименувата директорка поставена од ресорното министерство вели дека сега земаат минимална плата односно 22.500 денари,пари кои ги обезбедува самата градинка.






