Вардар, Струга, Шкендија и АП Брера се пласираа во полуфиналето на Купот на Македонија, откако сите четири екипи ги победија своите ривали.
Вардар избори место меѓу најдобрите четири со минимална победа над Силекс, благодарение на голот на Донгмо во 68. минута.
Актуелниот шампион Струга го победи Гостивар со 1:0, а победничкиот гол го постигна Крхинде во 48. минута.
Шкендија, пак, победи со 1:0 против второлигашот Детонит, а единствениот гол на мечот го постигна Шала во 23. минута. Иако Шкендија имаше можност за уште еден гол, Адеми не успеа да реализира пенал во 26. минута.
Најголемата драма се случи во Струмица, каде АП Брера и Арсими во регуларниот дел завршија 1:1. Во пенал-рулетот, домаќините славеа со 4:3 и се пласираа во полуфиналето.






