Во рамките на иницијативата за унапредување на спортската инфраструктура во битолските училишта, општината започна со реконструкција на девет спортски игралишта, меѓу кои и во основното училиште „Д-р Трифун Пановски“.
Секретарот на општина Битола, Борче Димитровски, заедно со дел од општинската администрација, денес го посети училиштето, каде што ги претстави плановите за изградба на современи спортски терени. Проектот предвидува фудбалско и ракометно игралиште, кошаркарски терен и фитнес зона, со цел да се поттикне спортскиот дух и активниот начин на живот кај младите.

Покрај новата асфалтна подлога, спортските терени ќе добијат современа опрема, вклучувајќи нови кошеви, голови со мрежи и бележење на терените. Директорката на училиштето, Лилјана Николовска, истакна дека оваа реконструкција значително ќе придонесе за квалитетот на наставата по физичко образование и спортската рекреација на учениците.

Локалната самоуправа ја нагласува својата посветеност кон создавање подобри услови за младите, а овој проект е уште еден чекор кон модернизација на спортската инфраструктура во градот.







