Saturday, December 6, 2025
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Скопје
  • Свет
  • Црна Хроника
No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Скопје
  • Свет
  • Црна Хроника
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Меџити од централниот митинг во Чаир: Ја прифатив улогата на слуга на народот и подготвен сум да работам до крај

by
2025-10-16
in Uncategorized

Кандидатот на коалицијата ВЛЕН за градоначалник на општина Чаир, Изет Меџити, вечерва на централниот митинг во Чаир одржа силен и емотивен говор, при што им се заблагодари на сите активисти и граѓани за нивната постојана поддршка за време на целата изборна кампања.

Во продолжение го пренесуваме говорот на кандидатот за градоналник на коалицијата ВЛЕН во Чаир, Изет Меџити:

RelatedPosts

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

Почитувани чаирчани, драги мајки, татковци, браќа и сестри,

Вечерва сум пред вас, не за да одржам политички говор, ниту за да се занимавам со опонентите, ниту со напади кон нашите противници.

Вечерва не сум тука ниту да зборувам за нашите проекти во Чаир, затоа што, каде и да се движите низ Чаир, зборува нашата работа, зборуваат машините кои работат во нашиот Чаир. Затоа, сè што би рекол за тоа што правиме за нашиот Чаир би било помалку од она што реално се случува како промена денес во Чаир.

Нема да зборувам ниту за десетиците милиони евра инвестиции што ги донесовме во Чаир, ниту за новите училишта и градинки, ниту за новиот плоштад во Чаршијата, ниту за новиот универзитетски кампус.

Вечерва сум овде само за да ви кажам – ви благодарам!
Ви благодарам од срце за целата љубов што ми ја подаривте во оваа кампања!
Ви благодарам од срце за довербата што ми ја дадовте во оваа кампања!
Ви благодарам од срце за насмевките што ми ги дадовте во оваа кампања!

Повеќе од победата што доаѓа, доволни ми се вашата љубов, вашата доверба и вашата насмевка!

Драги граѓани на Чаир, вечерва на завршницата на оваа кампања, сум овде за да ви кажам дека оваа битка ги надмина димензиите на една обична локална изборна трка. Нашите политички противници сакаа да нè предизвикаат во Чаир, да нè поразат во Чаир, мислејќи дека ќе се повлечеме. Иако имавме многу момци и девојки кои ќе ја водеа оваа битка со успех, како и секогаш, јас ја прифатив оваа одговорност и побарав разбирање од пријателите во ВЛЕН за да се кандидирам лично.

Сакав честа на Чаир да ја преземам врз себе и да им покажеме на сите дека Чаир не е трамполина за спас на политичките кариери на истрошени те политичари од Зајас. Чаир не е ниту средство за враќање на власт на оние кои денес тагуваат во опозиција и мислат дека преку победа во Чаир ќе се вратат во владата!

На 19 октомври, некои од нив ќе ги испратиме во политичка пензија, а некои во историјата. Затоа, драги мои чаирчани, нашата победа во Чаир има врска со честа на Чаир. Затоа што јас не сум во трка со Бујар Османи, туку со Али Ахмети од Зајас!

Втората работа што сакам да ви ја кажам е дека се вратив да се кандидирам во Чаир за да ја претворам нивната замисла за Чаир како запоставена гето општина, во Чаир од нашите соништа. Во изминатите 15 месеци во извршната власт, владата ВЛЕН насочи кон Чаир десетици проекти и околу 100 милиони евра инвестиции, со што Чаир од периферија го претвораме во центар на градот.

Иако јас ја водам оваа трка, оваа победа најмалку ми припаѓа мене. Сакам да им се заблагодарам на сите што со својата работа и посветеност во изминатите три недели кампања и три месеци активност дадоа многу за оваа победа!

Тука се шефовите на локалните изборни штабови, предводени од шефот на општинскиот штаб на ВЛЕН во Чаир, кои се вистинските победници на оваа изборна трка. Ви благодарам од срце на сите!

Тука е и Форумот на жените, кој спроведе извонредна кампања за промоција на нашата работа. Многу од нив ги оставија своите семејства за оваа кауза. Ви благодарам од срце и ви се поклонувам до земја!

Присутен е и Младинскиот форум на ВЛЕН, инспираторите на енергијата и ентузијазмот во Чаир. Тие се најдобрите момци и девојки што ги има Чаир и токму за нив вредеше да се води оваа битка!

Во истиот дух, особено им се заблагодарувам на носителите на советничките листи за Чаир и за Град Скопје и двајцата од Чаир. Ви посакувам успех во недела!

Благодарност заслужува и кандидатот за градоначалник на Град Скопје, кој беше дел од оваа кампања и кој нè направи горди што сме заедно. Ти благодарам!

Посебна благодарност и за пратеникот Беким Сали, кој беше секогаш на мојата десна страна во оваа кампања. Благодарам, Беко.

Драги граѓани на Чаир, во текот на оваа кампања, ја почувствував емоцијата на поддршката и љубовта како никогаш порано. Никогаш нема да го заборавам емотивниот момент со еден постар човек во Саат-кула, кој, со солзи во очите и стегајќи ми ја раката, ми рече: „Благодарение на тебе ја спасив мојата фамилија, кога ми помогна да ја добијам дозволата за куќата.“ Се разбира, секој би се чувствувал добро во таков момент, и не можам да го негирам тоа, но мојот одговор до него беше: “Ние само го направивме она што е наша обврска кон граѓаните, ништо повеќе. Нема потреба од благодарност.“ Затоа што, вашата доверба е аманет за нас.

Со вакви примери на благодарност се сретнав насекаде низ нашиот Чаир. Иако е невозможно да ги спомнам сите домови, бескрајно сум благодарен што ни ги отворивте срцата и вратите од вашите куќи, што не исполнуваа не само со емоции и инспирација, туку и со уверување дека навистина вреди да се води оваа битка.

Затоа што вашата доверба е за нас аманет. Такви примери на благодарност најдов насекаде низ Чаир. Ви благодарам што ни ги отворивте срцата и вратите на вашите домови, што нè исполнувате со емоција, инспирација и верба дека оваа битка вреди да се води.

Посебна благодарност упатувам и до просветните работници, спортистите, уметниците, трговците од Битпазар, еснафот на Чаршијата, пензионерите и лицата со посебни потреби. Ви благодарам и ви искажувам голема почит.

Почитувани присутни, пред да завршам, сакам да кажам уште нешто.

“Битката во Чаир не е само борба за тоа кој ќе ја управува оваа општина во следните четири години. Оваа битка ќе ја одреди и политичката иднина на Албанците: дали ќе се вратат оние што владееја со ароганција и завршија на црните листи или ќе продолжиме ние да владееме со елеганција и да бидеме на светлите страници на нашата историја?

Во Чаир се води битка за сите наши населени места, од Липково до Струга. Затоа оваа кампања ја водев внимателно, со идеи и програма, а не со навреди и омаловажувања.

Драги граѓани на Чаир, нас и победата нè делат само уште два дена. Искористете ги овие два дена за да разговарате со вашите семејства, пријатели и соседи и да им ја пренесете пораката дека оваа битка е за иднината на нашите деца, младите, родителите и повозрасните.

Ја прифатив улогата на слуга на народот и подготвен сум до крај да работиме и да се жртвуваме за да ја претвориме визијата на оние што нè проектираа како гето, во Чаир од нашите соништа – урбана и развиена општина во нашиот град.

На 19 октомври, сите заедно да гласаме за број 7, бројот на сигурната победа и на иднината без алтернатива.“

Тој го заврши говорот со порака:

“Во недела вечер да се сретнеме сите на плоштадот ‘Скендербег’ за да го прославиме новото поглавје за Чаир и новата политичка историја за Албанците во нашата земја.“

Ви благодара

Previous Post

Коњановски повика на еднаков медиумски простор за сите кандидати во Битола

Next Post

Ѓорѓиевски од Гази Баба: „Со Бобан победуваме во прв круг – Скопје и Гази Баба ќе бидат еден тим!“

Related Posts

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

by admin
2025-12-02
0

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети објектот каде што е сместен централниот систем „Безбеден град“ (Safe City),...

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

2025-11-09
0

Сообраќајот на магистралниот пат А4, од Струмица кон Ново Село, е целосно прекинат поради сообраќајна несреќа. „Од 14:10 часот сообраќајот...

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

2025-11-09
0

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, оцени дека акцијата за чистење на градот „72 часа“ се одвива успешно. Во активностите се...

Драган Даутовски меѓу новите членови на МАНУ – 14 истакнати личности избрани во академијата

2025-11-09
0

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) го одржа своето 21. Изборно собрание на кое се избрани 14 нови членови....

Next Post

Ѓорѓиевски од Гази Баба: „Со Бобан победуваме во прв круг – Скопје и Гази Баба ќе бидат еден тим!“

Recommended

Син го убил татко си, го искасапил на парчиња

Син го убил татко си, го искасапил на парчиња

4 years ago
Инцидент со апсење во близина на границата со Грција

МВР: Во тек се повеќе полициски акции низ Македонија, повеќе детали ќе бидат соопштени откако акциите ќе бидат завршени

10 months ago

Popular News

  • 2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

    2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Lady Gaga Pulled Off One of the Best Halftime Shows Ever

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Watch Justin Timberlake’s ‘Cry Me a River’ Come to Life in Mesmerizing Dance

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • New York Newest Vegan Spot: No Shade From Us, Shady Shack Is On Point

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Obama Wants To Visit Ubud On Low-key Bali Vacation: Bali Official

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

Connect with us

bulevar.mk

© 2025 Булевар.мк Сите права се задржани.

  • Црна Хроника
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Македонија
  • Магазин
  • Скопје
  • Технологија
  • Свет
  • Спорт

Следете нѐ

No Result
View All Result
  • Home
  • Република
  • Свет
  • Економија
  • Магазин
  • Балкан
  • Македонија
  • Скопје
  • Спорт
  • Црна Хроника
  • Технологија

© 2025 Булевар.мк Сите права се задржани.