Близок соработник на најмоќниот бугарски политичар во моментов Бојко Борисов најавува ново вето ако македонските членови на историската комисија со Бугарија не признаат дека Гоце Делчев е Бугарин.
Во интервју за ТВ21 бугарскиот европратеник Андреј Ковачев посочува дека за да нема вето за Македонија во ЕУ не само што е потребен договор во заедничката историска комисија со Бугарија туку неопходно е и македонските медиуми и професори да го сменат својот став.
Ковачев кој е дел од партијата ГЕРБ на Бојко Борисов вели дека добрососедството како дел од преговарачката рамка на Бугарија и други држави членки им дава можност да блокираат ако во Македонија не се смени ставот кој што го оценува како оставштина од Јосип Броз Тито.
Практично Ковачев на прашањето дали ако нема договор за Гоце Делчев потврдува дека Софија ќе блокира додека не се прифатат бугарските позиции како што конкретно е прашан во интервјуто.
Во видеото овој дел од интервјуто почнува по 21 минута и 40 секунди







