Венко Филипче ќе биде единствен кандидат за претседател на изборите кои СДСМ ги закажа за 16 март. Рокот истече, а Филипче како што веќе објави ТВ 24 е едиснтвениот кој поднел канидатура и програма за партијата.
Во СДСМ во моментов се одвива т.н активна регистрација, на која членовите во партијата се пријавуваат за гласање на изборите, на кои социјалдемократите по само речсии девет месеци повторно ќе го бирата Филипче з алидер. Според процедурата Филипче, како и неговиот претходник Ковачевски поради оставката на Заев, го завршуваат неговиот мандат кој истекува на 21 март. Дел од поранешните функционери на СДСМ, кои ги контактираше ТВ 24 кажаа дека не се кандидираат да не бидат алиби за како што велат поразот кој што и претстои на партијата на локалните избори.
Ниту претходното, ниту актуелното раководство не најде сили да седне на маса и да ги отвориме картите и да се погледнеме во очи и за поразот на изборите и освоени само 150 000 гласа, но и за начинот на кој се спроведоа изборите во СДСМ во јуни и сите неправилности, вели за ТВ 24 поранешен функционер на СДСМ.
По оставката на Заев, СДСМ го избра Димитар Ковачевски како отворено решение зад кое застана токму Заев. Додека во јуни минатата година по историски најголемиот пораз на СДСМ на двојните избори и заминувањето на Ковачевски, СДСМ го избра екс-потпретседателот на Заев и екс-министер во неговата влада, Венко Филипче за лидер.
Извор: 24.mk






