Фудбалерот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе е прогласен за најдобар играч во Лигата на шампионите за оваа недела, во која се одиграни реванш натпреварите.
Мбапе ги постигна сите три гола во победата на својата екипа над Манчестер Сити со резултат 3:1.
На второто место од изборот заврши играчот на Бенфика Оркун Кокчу, додека на третото место се најде напаѓачот на ПСВ, Ноа Ланг. Четвртото место го зазеде играчот на ПСЖ, Жермен Витиња.
Реал Мадрид избори пласман во осмина финалето од Лигата на шампионите, во која Мбапе оваа сезона постигна седум голови.






