Секое утро 48-годишниот Рефет Елмас, инаку чико на македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф, откако ќе ја отвори својата трафика на булеварот Партизански одреди во Карпош 4 почнува да ги чисти тротоарите, патеките и жардиниерите наоколу, иако станува збор за јавна површина.
Вели дека откако е отворена трафиката пред 40 години секој ден чисти, бидејќи кога ќе дојде на работа, просторот околу повторно е валкан и полн со отпадоци, иако го исчистил претходното утро.
Трафиката „Мандарина“ веднаш до автобуската станица во Карпош 4 постои 40 години а Рефет вели дека чисти секое утро околу час и половина.
„Секој треба да се труди и да даде дел од себе за да биде чист градот. Во нечиста просторија не може да се живее, ниту да се работи. Хигиената е повеќе од здравје“, вели Рефет.







