Владата ја усвои Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија за 2025 година, со која најзагрозените категории граѓани ќе добијат финансиска поддршка за покривање на дел од трошоците за електрична енергија и загревање.
Кои се корисници?
Домаќинства со гарантирана минимална помош
Семејства со деца со попреченост
Згрижувачки семејства
Што обезбедува програмата?
1.000 денари месечно за сметки за струја (12 месеци)
Финансиска поддршка за енергенси во грејната сезона (октомври – март) за 40.000 домаќинства
Дополнително, корисниците на гарантирана минимална помош ќе имаат забрана за исклучување од струја во декември, јануари и февруари, можност за реструктурирање на долгови и приоритет при поправки на мрежата.
Министерството за енергетика, минерални суровини и рударство, предводено од Сања Божиновска, со оваа мерка ќе помогне илјадници семејства да имаат посигурен пристап до енергија.
Пријавувањето ќе започне наскоро, а сите информации ќе бидат достапни на 👉 www.ea.gov.mk







