„Иницијативата на ДУИ за внатрешен ветинг (проверка) и реформи наиде на големо исмевање и иронија во јавноста и низ општествените мрежи. Многу аналитичари и актери иронизираа на метафоричен начин со оваа иницијатива.“ – објави ТВ Алсат.
Телевизијата натаму истакнува: „Ако се стремиш да растеш како личност и да бидеш искрен со себе, тогаш направи си самиот на себе ветинг. Ако ти треба момент за славење и за самопочитување, тогаш направи си самиот на себе Бајрам, но не го користи го ова, за да ја одбегнеш стварноста! – напиша аналитичарот Бесим Небиу.
„ДУИ по втор пат ќе си прават самите на себе ветинг и сите повторно ќе излезат ‘чисти како солза’, исто како Груби!“ – објави на фејсбук поранешниот министер за финансии Џевдет Хајредини.
„Ако направат ветинг, тогаш на директорот ќе му ја одземат вилата во заливот Ларце.“ – иронизираше актерот Хасим Мемиши Сопи.
„Комисија за ветинг во состав: Муса Џафери, Садула Дураки, Рамиз Мерко, Блерим Беџети. Надворешни членови: Зијадин Села и Артан Груби!“ – беше напишано на еден непознат профил на фејсбук.
ДУИ вчера соопшти дека членовите на нејзиното раководство прават „значаен чекор кон зголемување на транспарентноста и интегритетот,со потпишувањето на партискиот кодекс за добра практика и интегритет“. – објави ТВ Алсат.







