“Одлучив да тргнам во друга насока”, изјави познатиот актер.
Мел Гибсон откри дека на почетокот на својата кариера имал прилика да биде на списокот за улогата на Џејмс Бонд.
Имено, како што тврди Гибсон, во 80тите години добил повик од Алберто Броколи, еден од продуцентите на серијалот Бонд, кој му ја понудил улогата.
“Ми кажа дека сакаат да го глумам Џејмс Бонд. Помислив дека имам само 26 години и заклучив дека сепак тоа не е улога за мене, со што одлучив да тргнам по друга насока”, изјавил Мел Гибсон.
Гибсон нагласил дека не сакал засекогаш да го памтат како Џејмс Бонд, така што и оваа причина имала мал дел во донесувањето на финалната одлука. Тој исто така откри дека ја одбил и улогата на Максимус во филмот “Гладијатор”.
“Ридли Скот ми понуди улога во Гладијатор, но не можев да ја прифатам бидејќи тогаш го снимав “Патриот”. Некогаш се запрашувам како би изгледал мојот живот доколку ги прифатев овие улоги, но животот оди понатаму”, изјавил Гибсон.







