Полицијата во Делчево заплени товарно возило трактор во сопственост на ЈКП Брегалница.
Возилото последен пат било регистрирано пред 5 години констатирала сообраќајната полиција и тоа од вчера е во кругот на полицијата.
Освен тракторот поради истите причини неодамна е одземено и возило Тико кое е во сопственост на Општината а соговорници за ТВ Стар велат дека многу е веројатно нерегистрирани и технички неисправни возила да има уште….
Засега нема официјално огласување од ЈКП Брегалница за наведениот случај.






