Македонскиот ракометен гигант Алкалоид одигра брилијантен натпревар во Италија, совладувајќи го Бриксен со убедливи 32-44 и со едната нога е во четвртфиналето на ЕХФ Европскиот куп.
Тимот на Кирил Лазаров доминираше од првата до последната минута, покажувајќи супериорност на гостински терен. Веќе во првиот дел, благодарение на осумте одбрани на Кизиќ и двата одбранети пенали на Галевски, Алкалоид обезбеди позитива од пет гола (18-23).
Во вториот дел, македонскиот претставник го зголеми темпото – за секој примен гол, одговараше со два или три, што доведе до двоцифрена предност (31-41) и сигурна победа.
Марко Митев и Игор Ѓорѓиев беа најпрецизни со по 7 гола, додека Мартин Серафимов и Александар Петковски постигнаа по 6. Кај Бриксен, Де Оливеира Кандидо даде 8, а Арчиери 7 гола.
Реваншот кој ќе го одлучи патникот во четвртфиналето ќе се игра во Скопје, во салата „Автокоманда“, на 22 февруари.






