Ељиф Елмас имаше совршен деби настап за Торино, постигнувајќи атрактивен гол во натпреварот против Болоња. Македонскиот репрезентативец, кој пристигна на позајмица од РБ Лајпциг, влезе во игра во второто полувреме и веднаш донесе свежина во играта на „Торо“.
Во 65. минута, Елмас маестрално се снајде во казнениот простор – со прецизно движење ја протна топката низ нозете на противничкиот дефанзивец, а потоа со умешен лоб го совлада голманот.
Неговиот настап веднаш ги освои навивачите, кои ја пофалија неговата техничка вештина и влијанието врз играта на тимот.






