Русите од 2023 продале 70 отсто од резервите на злато од националниот фонд.
Руската влада организирала голема распродажба на злато од Националниот фонд на богатство (ФНБ) за да се пополни сојузната благајна, во која секоја трета рубља оди за војската, тврди Москва тајмс. Според податоците на министерството за финансии на Русија, количеството злато во ФНБ се намалило за речиси 70 отсто во последните две години – на 1 јануари 2023 фондот има 554,9 тони злато, а на 1 јануари 2025 останале само 187,7 тони.
Во декември, кога расходите го достигнале врвот и надминале 7 билиони рубљи (73,8 милијарди евра месечно), резервите на злато во ФНБ се намалиле за дури 92 тони. Според податоците на Министерството за финансии, само 58,9 тони се користени за покривање на буџетскиот дефицит (кој надминал 4 билиони рубљи).






