СВР Тетово поднесе кривична пријава против З.С. (75) од село Јанчиште, Тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“.
Во 2024 година, во својство на инвеститор, пријавениот изградил помошен објект од тврда градба, без да поседува соодветна документација за градба издадена од надлежен орган.






