Министерката за финансии, Гордана Кочоска-Димитриеска, денеска оствари средба со Алесандро Декончини од централата на Европската инвестициска банка (ЕИБ) во Луксембург и Бјорн Габриел, претставник на ЕИБ во Македонија.

На средбата се разговараше за унапредување на соработката со оваа меѓународна финансиска институција, која е значаен партнер на Македонија во реализацијата на крупни инфраструктурни и енергетски проекти.
Во фокусот на наредниот период ќе биде утврдувањето на приоритетите што бараат поддршка, како и реализацијата на проекти во рамки на Планот за раст на ЕУ. Покрај финансиска поддршка, ЕИБ нуди и експертиза во повеќе области, што претставува дополнителна можност за развој на земјата.







