Од компанијата Саубермахер Тетово потсетуваат дека се иницирани постапките за присилна наплата на неподмирените долгови по фактурите за комунални услуги за период февруари-август 2024 година.
За ваквите постапки граѓаните беа опоменати, а тие што не се одѕваа на повикот ќе се соочуваат со дополнителни трошоци по постапките за присилна наплата.
„Со цел да се избегнат дополнителни трошоци и непријатности при постапките за присилна наплата и извршување, апелираме до сите корисници кои имаат заостанат долг за издадени фактури во текот на 2024 година, да го исплатат во најкраток можен рок.
Со редовно плаќање, можеме да обезбедиме подобри услови за живот во нашиот град и да избегнеме непријатни и непотребни ситуации кои можат да се појават при присилно извршување. Вашата соработка е од огромна важност и со вашата навремена реакција, ќе придонесеме за подобро функционирање на нашата заедница.“, велат од Саубермахер.
За олеснување на процесот на плаќање како и преглед на сите податоци и издадени фактури, корисниците можат да се регистрираат на веб порталот на www.saubermacher-tetovo.mk.







