Претседателката на Република Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, го изрази своето задоволство од учеството на конститутивната седница на Комисијата за одликувања и признанија.

Во изборот на членовите на Комисијата, како што истакна претседателката, се водела од нивното врвно знаење, достигнувања и работа во различни области.
„Цврсто сум уверена дека докажани и афирмирани личности како членовите на оваа Комисија ќе умеат да ги препознаат носителите на вистинските достигнувања и ќе знаат соодветно да ги наградат. Им посакувам плодна и успешна работа!“, изјави Сиљановска-Давкова.

Комисијата ќе има значајна улога во препознавањето и промовирањето на заслугите и достигнувањата на поединци и институции кои со својата работа придонесуваат за напредокот на македонското општество.






