Информацијата синоќа ја потврди и нашето МНР.
„Министерството за надворешни работи и надворешна трговија најостро ги осудува денешните ракетни напади на руската армија врз Киев. Воедно, информираме дека при нападот е погодена и критичната инфраструктура во Голосеевскиот реон, вклучително и зградата каде што се сместени шест амбасади, меѓу кои и Амбасадата на Македонија во Киев. При нападот нема повредени меѓу дипломатскиот персонал, но е причинета материјална штета на Амбасадата. Од страна на надлежните служби извршен е првичен преглед на штетите на лице место и веќе се работи на нивно санирање“, пишува во соопштението на МНР.
МНР вчера му врачи протестна нота на амбасадор на Руската Федерација во Македонија, Сергеј Баздникин.







