Вчерашниот ден бил прилично „плоден“ на Македонската берза. И по промет, и по блокови, и по постигнати цени на акции.
Акциите на Комерцијална банка вчера со нова рекордна вредност, надминаа 29 илјади денари за акција.
На берзата поминаа две блок трансакции во кои за однапред познат купувач се продадоа по 200 акции на банката, или вкупно 400, по идентична цена од по 29 илјади денари за акција.
Не се знае кој купил а кој продал, но факт е дека некој за 400 акции на Комерцијална банка платил вкупно околу 190 илјади евра.
На редовниот пазар исто така беше „жестоко“, па акциите таму достигнаа по 29.032 денари за акција, а се продадоа 686 акции, што значи дека и на тој пазар е остварен промет од 324 илјади евра.
Тоа значи дека со акциите на Комерцијална банка вчера, само во текот на еден ден, бил направен вкупен промет од над половина милион евра, или поточно, 513 илјади евра.
Извор: фактор.мк






