Денес, на 22 ноември, го одбележуваме Денот на албанската азбука – симбол на значењето на јазикот и писмото како основа за зачувување на идентитетот и културното наследство на секој народ.
Овој ден претставува потсетник за важноста на мултикултурноста и многујазичноста како клучни елементи за заедништвото и напредокот на нашето општество. Со почит кон различностите и обединувањето на силите, можеме да изградиме посилна и поправедна држава за сите граѓани.
Затоа, со заеднички напори продолжуваме да ги спроведуваме реформите, да го унапредуваме животниот стандард и да го поттикнуваме економскиот развој, создавајќи модерно и просперитетно општество.






