Тие бараат моментално покачување на платите, додека пак градот вели дека во моментов нема законска рамка тоа да им се овозможи, но се работи на изнаоѓање на решение со кое платата евентуално би им се покачила од јуни следната година.
-Наше е, не е ваше наше е, вие нашето ни го земате, ние не бараме покачување, ние бараме платата наша да ни ја дадете.
Градоначалникот Шилегов повторно им порача на пожарникарите дека, ако платата им е мала, слободно да си заминат, па со нов оглас ќе се примеле нови.
-Луѓе јас ги добивам парите за 237 пожарникари парите, немаме толку вработени, остануваат вишок пари, колку и да остануваат, јавни пари се, не можеш, не се тие на Петре Шилегов парите па да ви ги дели како сака, државни пари се, вели Петре Шилегов градоначалник на Скопје.
Пожарникарите во текот на вчерашниот ден најавија протест пред градското собрание, но поради средбата со градоначалникот тој беше откажан. Сепак по исходот на преговорите, тие уверуваат дека ќе протестираат секој ден додека не си го остварат тоа што им припаѓа.
-Не е прифатливо затоа што градоначалникот е три години на власт, запознаен беше, имаше шанса и рок да го среди ова во изминативе три години. Епа извинете ама од јануар месец може да оди во предизборна кампања и тогаш не знам дали веќе ќе смее тоа да го регулира, изјави Дејан Исаевски – Член на иницијативниот одбор на пожарникари
Во соочувањето и денеска не се избегнаа ниту партиските боења. Шилегов и вчера за изрази сомнеж дека ваквите постапки се инструирани од опозицијата, додека пак пожарникарите се оградија од било каква партиска обоеност.





