Денес во Владата на Република Македонија се одржа свечена академија по повод Денот на Албанската азбука.

Премиетот Христијан Мицковски во своето обраќање истакна дека Денот на албанската азбука е симбол на образованието, културното богатство и напредокот на албанскиот народ.
– Овој ден 22 Ноември не потсетува на Конгресот во Битола одржан во 1908 година. Таму со мудрост и единство, интелектуалците донесоа одлука која ќе го трасира патот на албанскиот јазик кон иднината.
Мицкоски додаде дека наша заедничка должност е да градиме заедничко општество без разлика на етничката или јазична припадност давајќи го нашиот придонес за заедничкото добро.
– Денот на албанската азбука е потсетник за тоа како писменоста и образованието може да бидат мостови меѓу луѓето, а не темите кои не разделуваат.







