Saturday, December 6, 2025
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Скопје
  • Свет
  • Црна Хроника
No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Скопје
  • Свет
  • Црна Хроника
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

ЕУ нема донесено одлука за испраќање војници во мировна мисија во Украина

by
2024-11-11
in Uncategorized

Нема одлука ЕУ да испрати војници во Украина со каква било задача, изјави денеска на прес-конференција портпаролот на Европската комисија како одговор на прашања поврзани со информациите во европските медиуми за можното испраќање европски мировници.

Портпаролот истакна дека ЕУ спроведува мировна мисија за обука на украински војници на европска територија, чиј мандат неодамна беше продолжен.

RelatedPosts

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

Според него, ЕУ го поддржува секој напор што би довел до праведен мир и кој го зема предвид фактот дека Украина е нападната земја. Меѓутоа, додаде портпаролот, таквиот договор треба да биде во согласност со меѓународното право.

Околу коментарот на новоизбраниот американски потпретседател, Џеј Ди Венс, во кој е направена врска помеѓу слободата на говорот и европските правила во оваа област, работата на онлајн платформите и активностите на НАТО, портпаролот посочи дека ЕУ е дом на слободата на говорот, како што покажуваат меѓународните студии.

-Слободниот говор е во срцето на европското законодавство за интернет платформите, објасни тој. „Ништо не ги обврзува платформите да ја отстранат легалната содржина. Која содржина е легална зависи од европските, меѓународните и локалните закони“, додаде портпаролот.

Тој објасни дека правилата на ЕУ бараат кога содржината е отстранета, корисниците да можат да ја оспорат одлуката.

-Од платформите се очекува да го следат ширењето на содржини што се штетни без нужно да бидат нелегални, како што е дезинформацијата, рече тој.

Венс во телевизиско интервју рече дека доколку НАТО сака да продолжи поддршката на САД за Алијансата, тогаш американските правила и слободата на говор мора да се почитуваат.

-Алијансата треба да ја заштити слободата на изразување, земјите во Европа да ги споделуваат американските вредности, додаде тој, осврнувајќи се на отворениот скандал на почетокот на годинава меѓу сопственикот на социјалната мрежа „Х“ Илон Маск и тогашниот еврокомесар за внатрешен пазар, Тиери Бретон. Еврокомесарот го предупреди Маск дека може да се воведат сериозни ограничувања против „Х“ во ЕУ доколку се продолжи недостигот на доволен надзор врз содржините што се дистрибуираат на интернет

Previous Post

Таравари: Ова е лудница, албанската опозиција критикува за закон кој тие го донесоа

Next Post

Шанса за Македонија да привлече нови зелени инвестиции: Министерката Божиновска на COP29 во Баку

Related Posts

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

by admin
2025-12-02
0

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети објектот каде што е сместен централниот систем „Безбеден град“ (Safe City),...

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

2025-11-09
0

Сообраќајот на магистралниот пат А4, од Струмица кон Ново Село, е целосно прекинат поради сообраќајна несреќа. „Од 14:10 часот сообраќајот...

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

2025-11-09
0

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, оцени дека акцијата за чистење на градот „72 часа“ се одвива успешно. Во активностите се...

Драган Даутовски меѓу новите членови на МАНУ – 14 истакнати личности избрани во академијата

2025-11-09
0

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) го одржа своето 21. Изборно собрание на кое се избрани 14 нови членови....

Next Post

Шанса за Македонија да привлече нови зелени инвестиции: Министерката Божиновска на COP29 во Баку

Recommended

Касами: Поделбите во коалицијата „Вреди“ нема да ја разнишаат Владата

8 months ago

Ѓобекли Тепе ја менува историјата: Дали човештвото имало календари и астрономи пред 12.000 години?

5 months ago

Popular News

  • 2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

    2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Lady Gaga Pulled Off One of the Best Halftime Shows Ever

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Watch Justin Timberlake’s ‘Cry Me a River’ Come to Life in Mesmerizing Dance

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • New York Newest Vegan Spot: No Shade From Us, Shady Shack Is On Point

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Obama Wants To Visit Ubud On Low-key Bali Vacation: Bali Official

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

Connect with us

bulevar.mk

© 2025 Булевар.мк Сите права се задржани.

  • Црна Хроника
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Македонија
  • Магазин
  • Скопје
  • Технологија
  • Свет
  • Спорт

Следете нѐ

No Result
View All Result
  • Home
  • Република
  • Свет
  • Економија
  • Магазин
  • Балкан
  • Македонија
  • Скопје
  • Спорт
  • Црна Хроника
  • Технологија

© 2025 Булевар.мк Сите права се задржани.