Saturday, December 6, 2025
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Скопје
  • Свет
  • Црна Хроника
No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Скопје
  • Свет
  • Црна Хроника
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Таравари: Ова е лудница, албанската опозиција критикува за закон кој тие го донесоа

by
2024-11-11
in Uncategorized

Министерот за здравство Арбен Таравари сѐ уште не го добил извештајот од Државниот здравствен и санитарен инспекторат од вонредниот надзор на Клиниката за детски болести по смртта на петгодишното девојче со воспаление на мозокот.

Како што рече, очекува да го добие денеска или утре, но по обвинувањата за чести смртни случаи на Клиниката смета дека „посебно албанската опозиција се обидува на секаков начин да прикаже дека сега е сѐ катастрофа откако тие не се на власт“.

RelatedPosts

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

Во изјава за медиумите пред настан на кој беа презентирани резултати од воздухот во училишта и градинки во пет општини во државава, Таравари изјави дека и да биле „една, две, три години на власт, здравствениот систем повторно не може преку ноќ или за неколку месеци да се подобри“.

-Ова што се случува е, секако, последица на тоа што го наследивме. Меѓутоа, како и да е, не треба да се политизираат случаи кога детето било болно и навистина патологијата била тешка, бидејќи од менингоенцефалитис секаде на светот умираат деца, за жал, па се случува и кај нас. Директорот покажа и статистика за морталитетот на клиниката, така што не е нешто спектакуларно како што прикажуваат. На некаков начин сакаат да го тргнат вниманието на јавноста од реалните проблеми, па како да го критикуваме Таравари или директорот на Детската клиника, ќе кажеме дека починало некое дете. Кога се работи за лекарски пропусти, ние презедовме чекори, но за тешки пациенти, кои имаат сериозни болести, болниците се место каде што се лекуваат и, за жал, некои луѓе и починуваат, рече министерот. 

Во врска со обвинувањата на Европскиот фронт дека со одлуката да не се брои нерезидентното население ќе се намали бројот на советници во општините, Таравари одговори дека треба самите да се критикуваат зашто самите го донеле законот додека биле на власт.

-Јас не знам што бара Европски фронт. Овој закон кој е актуелен не го сменивме ние сега, тој е закон што го донесе Европски фронт во минатата влада кога се правеше пописот на населението во Македонија. Така што, треба самите себеси да се критикуваат. Да беше закон што сега го носиме, во ред, меѓутоа закон што е донесен пред пет или четири години и сега го критикуваат -не знам, ова е лудница, додаде Таравари.

Previous Post

НАЈНОВА МЕТЕО ВЕСТ: Снегот ќе продолжи да паѓа во Македонија, се очекува нова снежна покривка!

Next Post

ЕУ нема донесено одлука за испраќање војници во мировна мисија во Украина

Related Posts

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

by admin
2025-12-02
0

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети објектот каде што е сместен централниот систем „Безбеден град“ (Safe City),...

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

2025-11-09
0

Сообраќајот на магистралниот пат А4, од Струмица кон Ново Село, е целосно прекинат поради сообраќајна несреќа. „Од 14:10 часот сообраќајот...

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

2025-11-09
0

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, оцени дека акцијата за чистење на градот „72 часа“ се одвива успешно. Во активностите се...

Драган Даутовски меѓу новите членови на МАНУ – 14 истакнати личности избрани во академијата

2025-11-09
0

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) го одржа своето 21. Изборно собрание на кое се избрани 14 нови членови....

Next Post

ЕУ нема донесено одлука за испраќање војници во мировна мисија во Украина

Recommended

Украина и Русија ја извршија една од најголемите размени на воени затвореници

Украина и Русија ја извршија една од најголемите размени на воени затвореници

9 months ago

Русија гаѓана со над сто дронови, московските аеродроми затворени

7 months ago

Popular News

  • 2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

    2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Lady Gaga Pulled Off One of the Best Halftime Shows Ever

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Watch Justin Timberlake’s ‘Cry Me a River’ Come to Life in Mesmerizing Dance

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • New York Newest Vegan Spot: No Shade From Us, Shady Shack Is On Point

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Obama Wants To Visit Ubud On Low-key Bali Vacation: Bali Official

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

Connect with us

bulevar.mk

© 2025 Булевар.мк Сите права се задржани.

  • Црна Хроника
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Македонија
  • Магазин
  • Скопје
  • Технологија
  • Свет
  • Спорт

Следете нѐ

No Result
View All Result
  • Home
  • Република
  • Свет
  • Економија
  • Магазин
  • Балкан
  • Македонија
  • Скопје
  • Спорт
  • Црна Хроника
  • Технологија

© 2025 Булевар.мк Сите права се задржани.